Селекторот на младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година, Благоја Милевски, ќе одведе 24 фудбалери на Европското првенство во Полска, што ќе се игра во втората половина на јуни. На првичниот список од 17 имиња, тој денеска ги соопшти и седумте преостанати „среќници“, кои ќе се приклучат на „хероите“.
– Конечниот список за патници во Полска го надополнуваме со уште седум фудбалери. Поголемиот дел од тие седум нови беа со нас и во добар дел од квалификациите. Едно ново има кое досега не бил со нас а ќе биде во Полска е Давор Здравковски од Македонија ЃП, кој сосема го заслужи повикот. Тука се и Тихомир Костадинов, Јован Попзлатанов, Елиф Елмас, Филип Илиќ како трет голман, Алекса Амановиќ и Петар Петковски. Овие имиња се повикани согласно потребите на тимот за пополнување на позициите кои се попроблематични. Сите максимално заслужуваат да бидат во Полска – изјави селекторот Милевски.
Претходно, на неговиот список се најдоа следните 17 имиња.
Голмани: Игор Алексовски (Вардар), Дамјан Шишковски (Работнички);
Одбрана: Ѓоко Зајков (Шарлроа, Белгија), Дарко Велковски (Вардар), Висар Муслиу (Ренова), Мевљан Мурати (Шкендија), Егзон Бејтулаи (Шкендија), Бесир Демири (Вардар)
Среден ред: Бобан Николов (Вардар), Енис Барди (Ујпешт, Унгарија), Давид Бабунски (ЈОКОХАМА, Јапонија), Даниел Аврамовски (Олимпија, Словенија);
Напад: Марјан Радевски (Шкендија), Виктор Ангелов (Ујпешт, Унгарија), Никола Ѓорѓев (ГРАСХОПЕРС, Швајцарија), Филип Пивковски (Ландскрона, Шведска ), Кире Маркоски (Работнички)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.