| четврток, 6 декември 2018 |

Загрепскиот градоначалник доби шести мандат: Фала ѝ на мајка ми што ме роди ваков и на Господ што ме создаде најдобар

Загрепскиот градоначалник Милан Бандиќ вчера по шести пат ја доби довербата на граѓаните кои му дадоа уште еден мандат за да остане прв човек на градот. Тој во својот говор, кој траел десетина минути им се заблагодарил на граѓаните, но и на Господ, кој според неговите зборови го создал несовршен, но најдобар, како и на неговата мајка која што го родила таков каков што е.

– Убаво е повторно да ве видам тука. Тешко е да се остане рамнодушен. Фала му на Господ што ме создаде така несовршен, а најдобар, но и мојата мајка која ме родила вљубен во луѓето и без зли мисли – истакнал тој меѓу другото пред толпата во својот победнички говор.

Бандиќ на крајот испратил порака за поддршка кон жителите на Лондон, кои вчера беа цел на уште еден терористички напад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top