Турските власти почнаа постапка за лишување од државјанство на 130 лица, меѓу кои се муслиманскиот проповедник Фетхулах Ѓулен и голем број пратеници од прокурдската Демократска партија на народите (ДПН), пренесе ТАСС.
Според податоците на „Хуриет дејли њуз“, сите 130 лица ќе го загубат турското државјанство, ако не се вратат во земјата во рок од три месеци.
Според турските власти, организацијата ФЕТО на проповедникот Ѓулен, кој живее во САД, стои зад обидот за државен удар во Турција во јули минатата година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.