Тед Малок, еден од главните кандидати за амбасадор на САД во Европската унија верува дека новата адинистрација во Вашингтон ќе ѝ го испорача на Турција Фетулах Ѓулен, во насока на подобрувањето на односите меѓу САД и Турција.
Според Малок, Трамп „ќе се согласува многу добро со претседателот Ердоган“.
-Турција е членка на НАТО и наш стратешки партнер, изјави Малок истакнувајќи ја важноста за екстрадицијата на Ѓулен, кој според властите во Турција, стои позади пропаднатиот обид за пуч од 15 јули.
Малок додава и дека Ердоган и Трамп имале многу конструктивни разговори по телефон, како и дека е можно да се сретнат во наредните месеци.
-Мислам дека Трамп е свесен за важноста на Турција не само од економски аспект, туку и на политичко и воено ниво“, вели Малок очекувајќи двајцата лидери да се сретнат во четири очи на самитот на Г20 во Хамбург во јули годинава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.