| четврток, 6 декември 2018 |

Турска парламентарна комисија утврди дека Ѓулен стои зад неуспешниот обид за преврат

gulen

Претседателот на турската парламентарна комисија, која се занимаваше со истрагата за обидот за преврат во Турција од минатото лето, Решат Петек, денеска изјави дека нема никакво сомнение дека муслиманскиот проповедник Фетула Ѓулен, стои зад неуспешниот преврат, пренесоа американските медиуми.

Петек изјавата ја даде додека го претставуваше извештајот на комисијата во врска со пучот. Ѓулен, кој е поранешен близок сојузник на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, а живее во САД, негира дека е вмешан во обидот за преврат.

Петек пред новинарите посочи дека извештајот открива дека движењето на Ѓулен со сигурност стои зад настаните од 15 јули. Петек проповедникот Ѓулен го нарече „измамник“, кој, веројатно, ги подготвувал и превратите во последните 50 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top