| четврток, 6 декември 2018 |

Наместо граѓанска војна, национална гордост: Зад секој успех стојат финансии, добар менаџмент и напорна работа

Јавноста ги памети мизерните обиди на СДСМ кои преку соросоидните т.н. медиуми се обидуваа да го оцрнат учинокот на Сергеј Самсоненко кој е сопственик и инвеститор во сите спортски клубови на „Вардар". Манипулираа со јавноста дека токму Самсоненко подготвувал граѓанска војна во Македонија, па затоа во Скопје доаѓале навивачи од Москва

Македонија повторно е на врвот на ракометна Европа. 15 години по незаборавнот триумф на Кометал, Македонија денеска повторно има европски шампион. Ракометарите на вардар со 24:23 го совладаа ПСЖ во финалето на ЛШ и се сикачија на кровот на Европа.

Зад секој успех стојат финансии, добар менаџмент и напорна работа. Таков е случајот и со Вардар и успехот на кој денеска се радува цела Македонија. Благодарение на вложувањата, добриот менаџмент на раководството на клубот и како краен продкут најмногу на самите ракометари, Вардар го оствари сонот, ги покори европските великани.

Иако со буџет енормно поголем од вардаровиот, сепак нашио шампион успеа да ги клекне на колена големите Барселона и ПСЖ. Вложувањата на Сергеј Самсоненко и одличното менаџирање со тимот резултираа Македонија да испише историја и цела нација да се радува на успехот кој ќе остане запамтен засекогаш.

Бизнисменот Самсоненко покажа дека со бескрајната љубов кон клубот зад кој финансиски стои, напорната работа на менаџментот и залагањата на самите ракометари, може да се постигне вакво спортско достигнување како ова денеска, достигнување кое ја лансира Македонија на врвот на ракометна Европа.

Самсоненко во сите овие изминати години имаше безрезервна поддршка од довчерашната власт, додека тогашната опозиција, а сега актуелна нова власт на секој можен начин се обидуваше да го дискредитира рускиот бизнисмен, го блокираа сопственикот на Вардар во неговите проекти, а лица блиски од нив и директно го навредуваа.

Јавноста ги памети мизерните обиди на СДСМ кои преку соросоидните т.н. медиуми се обидуваа да го оцрнат учинокот на Сергеј Самсоненко кој е сопственик и инвеститор во сите спортски клубови на „Вардар”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top