„Никогаш не сум бил толку среќен. Ова е чудо, ова е историја и преголем успех за сите нас во Вардар. Златото ѝ го посветувам на цела Македонија. Радувајте се со нас. Сите ние сме една голема фамилија“.
Човекот кој ја извади цела Македонија на улица за голема радост! Творецот на Вардар и творец на новиот европски шампион. Сергеј Самсоненко за „Македонски спорт“, само неколку минути по големата победа, по историјата што им се случи на нашиот Вардар и на спортот во нашата земја.
„Не можам да го опишам чувството. Никогаш не сум бил толку среќен, толку радосен. Ова е круна на добрата работа на сите во Вардар. Ова злато и го посветуваме на цела Македонија. Радувајте се со нас, а и ние со сите вас. Ова е голема победа, заедничка победа. Се радувам и поради тоа што народот во Македонија слави и е на улиците да се радува на нашата победа…“, коментира Сергеј Самсоненко од Келн по големиот подвиг на неговите ракометари.
Спонзорот на Вардар го прашавме и за тие последни секунди. За голот на Чупиќ и за големата победа:
„Тоа е гол што вечно ќе го паметиме сите. Ги заслуживме оваа победа и ова злато. Момците на двата меча одиграа со срце. Така се гине за клупските бои. Сега, откако се се заврши, може сите заедно да славиме“, додаде Сергеј Самсоненко, кој во Келн, со целата експедиција на Вардар, играчите и со навивачите, ги прославува историскиот подвиг и европската круна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.