| четврток, 6 декември 2018 |

Столе Стоилов: Само со вакви момци кои имаат „мадиња до колена“ може да се стигна до европска титула

Стојанче Стоилов гордо капитенски го подигна најпрестижниот пехар во ракометниот свет – пехарот за шампионите на Европа. И во свој стил со многу возбуда и на оргинален начин ги поздрави своите соиграчи за освоената титула во Лигата на шампионите.

– Јас сум многу горд што сум капитен на оваа екипа. Овие момчиња имаат „мадиња до колена“ – возбудено рече Стојанче Стоилов.

Вардар во овој фантастичен настап на Ф4 во Лигата на шампионите постигна две големи победи против европските гиганти , прво падна Барселона, а потоа во големото финале и ѕвездениот ПСЖ. Пресуди карактерот и одличната игра на вардарци.

– Покажаввме карактер, испишавме историја. Барселона и ПСЖ се силни екипи, но ние знаевме што треба да направиме. Пресуди нашата одбрана и одличниот голман. Вардар е шампион на Европа. Ја израдувавме цела Македонија – вели Стоилов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top