| четврток, 6 декември 2018 |

ПСЖ не се вонземјани, Вардар има одличен резултат по првото полувреме во финалето на ЛШ

 

Екипата на Вардар во моментов го игра историското финале во Лигата на шампионите.

„Црвено-црните“ херои играат фантастичен меч и по првото полувреме негатива од само гол (11-12). Вардар може, Вардар знае, Вардар има игра против еден од најдобрите состави во историја на ракометната игра.

Сепак, избраниците на Раул Гонзалес играат феноменални 30 минути, покажувајќи дека ПСЖ не е баук екипа и дека и против нив може да се игра.

Силата во одбраната на чело со Гранде Штербик кој буквално ја спушти ролетната на својот гол запишувајќи шест одбрани од кои еден седмерец на Генсхајмер, дава полетна игра во нападот создавајќи неколку лесни реализации.

`Гонзалес направи неколку ротации во нападот. Македа и Шишкарев играат во двата правци иако вчера на овие позиции играа одличните Дујшебаев и Чупиќ кои реализираа по седум голови.

Денеска, најдобриот напад во Европа, вонјземјаните како што ги нарекуваат играчите на ПСЖ се стопирани на само 12 голови во едно полувреме.

Во второто полувреме позициониот напад на Вардар мора да ја го пробие ветеранот Тјери Омејер, кој буквално ги вфати во игра своите соиграчи по негативата од три гола во првиот дел од полувремето. Негативата воопшто не е голема, и тоа влева надеж за поволен резултат на крајот од мечот.

Да се надеваме дека подршката која ја имаат вардарци од целата нација ќе вроди со плод и ќе успеат да ги израдуваат сите ракометни симпатизери од Европа, а особено од цела Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top