Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски упати телеграма со сочувство до британската премиерка Тереза Меј по синоќешниот терористички напад во Лондон.
– Со длабока тага, шок и огорченост ја примив потресната вест за терористичкиот напад во Лондон. Би сакал да изразам најдлабоко сочувство до Вас, до семејствата на настраданите и до мирољубивиот народ на Англија. Нашите мисли и молитви се со Вас, пишува Груевски.
Овој срамен чин кој се случи вчера, како што вели Груевски, ги вознемири и потресе македонските граѓани.
– Овој срамен чин вчера беше директен и брутален напад врз општеството и човечките вредности. Сите ние заедно сме исправени пред предизвикот наречен тероризам. Република Македонија и граѓаните одлучно се решени, заедно со цивилизираниот и демократскиот свет да делуваат во борбата против тероризмот. Таа борба против тероризмот никогаш нема да запре, а ние никогаш не смееме да се откажеме, пишува Груевски во телеграмата до Меј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.