Пратеничката на ДУИ, Ермира Мехмети смета дека законот за абортус е политички. Таа ги објави своите размисли и дилеми во врска со абортусот на својот профил на „Фејсбук“. Токму денес се дебатира во Собранието за законот за абортус.
Ова се дилемите на Мехмети:
1. Причините за носенњето на овој закон се политички, не се ниту хуманистички, ниту етички, ниту пак верски. Вистинската цел всушност е на вештачки нацин да се стимулира наталитетот, преку користење на механизмите на системот за популистички цели.
2. Формирањето на првостепени комисии директно упаѓа во приватноста на личноста и ја изложува жената на непријатни и индискретни ситуации.
3. Абортусот е и културолошко прашање. Албанците ниту имале, ниту пак имаат потреба од државни програми за пораст на населението, па затоа немаат потреба ниту за законски проекти против ограничување на бројот на раѓања.
Денеска во Собранието јавна расправа за и против абортусот. Лекари, експерти и невладини организации ќе дебатираат дали и колку новиот предлог-закон за абортус е либерален и е во интерес на жените. Заклучоците ќе завршат кај предлагачот на законот. Пред ова решение да се најде на собраниска комисија, имаше бурни реакции во јавноста дека се ограничува правото на жената за прекин на абортусот. Се цитираа членови од законот, кои, всушност, се во сила повеќе од 37 години. Или, како што изјавија здравствентие власти, нема ништо ново во законското решение освен усогласување одредени детали кои порано биле донесени во времето на бивша СФРЈ. Позитивна новина според лекарите е ултразвукот, како и психолошкото советување кое било во интерес на жената. Но, никако не значело влијание врз нејзината одлука. Друга новина е продолжување на постапката за прекинување на бременоста за 3 дена од задолжителното советување. Овој период го практикуваат и во Германија, Унгарија, Португалија и во многу други европски земји.
Од друга страна, во соседна Србија имаат сериозен проблем со абортусот. Како што пишува „Блиц“, годишно се извршувале околу 100.000 прекинувања на бременоста, а биле пријавувани само 22.000. Директорот на Нишкиот клинички центар обвинува дека лекари и сестри од јавното здравство ги праќале пациентките да ја прекинат бременоста во приватни болници бидејки тие хонорарно работеле во болниците. Застрашувачки се и податоците за бела чума во Србија. Секоја година се раѓаат околу 35.000 помалку деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



