За време на неодамнешното истражување на морското дно, австралиските научници пронашле вид на риба која последен пат била видена пред повеќе од 100 години.
„Рибата без лице“, како што необичното суштество било наречено, е пронајдено на длабочина од 3.962 метри, во водите јужно од Сиднеј.
Научниците веруваат дека станува збор за истиот вид на риба која британските научници ја пронашле во Коралното Море во 1870 година.
Пронајдениот примерок е долг 40 сантиметри, а отворот за хранење е толку вовлечен во главата, така што од страна личи како тоа морско суштество воопшто да нема лице. Забележливи се само две ноздри.
За време на двонеделната експедиција, истражувачите пронашле голем број на необични суштества, како црвени бодликави јастози, отровни морски ежови со сплескани боцкалки, големи морски пајаци и ретки јагули кои живеат на големи морски длабочини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)