Тјери Омејер, искусниот голман кој ги брани боите на ПСЖ беше еден од најдобрите ракометари на францускиот тим во победата над Веспрем. По мечот, тој изјави дека е крајно задоволен од епилогот, а околу финалето вели нека дојде подобриот.
– Чувството е специјално по пласманот во финалето кое е прво за нас. Фантастично е како играч да се игра тука, да се дава се од себе и да се бориш со секој атом од телото. Ние се боревме, Веспрем е многу силен тим, но ние сме тие кои победивме. Првпат сме во финалето, но мора да бидеме подобри во наредниот меч. Финале е финале, мора да се внимава. Ќе го гледаме второто полуфинале, немам противник, ќе играме против било кого во финалето – изјави Омејер.
Второто полуфинале меѓу Вардар и Барселона се игра од 18.00 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.