Тренерот на Вардар, Раул Гонзалес, ги избра ракометарите кои денеска со почеток во 18 часот ќе му се спротивстават на каталонскиот гигант, а во однос на играчите кои допатуваа во Келн, изборот беше Петар Ангелов и Владо Недановски да го следат ова полуфинале од трибините на „Ланксес арена“.
Боите на Вардар на овој историски меч за македонскиот првак ќе ги бранат: Арпад Штербик, Страхиња Милоќ, Стојанче Стоилов, Рожерио Мораеш, Хорхе Македа, Александер Деревен, Игор Карачиќ, Алекс Душебајев, Илија Абутови, Хоан Канелјас, Лука Циндриќ, Иван Чупиќ, Тимур Дибиров, Данил Шишкарев, Вуко Борозан и Мијајло Марсениќ.
Според официјалните најави, „вардарци“ ќе настапат во своите црвено-црни дресови, додека Барса ќе игра со својата резервна варијанта, со зелени дресови на ова полуфинале.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.