Пари сен Жермен е првиот финалист во Лигата на шампионите откако францускиот првак во суперинтересно полуфинале успеа да слави над Веспрем со 27-26. Мечот мина во израмнета пресметка во текот на сите 60 минути, Веспрем имаше последен напад за израмнување, но не ја искористи шансата, па го загуби овој натпревар и уште еднаш остана без европска круна. За ПСЖ ова е историско прво финале, во кое тимот предводен од Карабатиќ, Хансен и Омејер за противник ќе го има подобриот од мечот меѓу Вардар и Барселона.
Македонските судии Николов и Начевски наметнаа ригоризен критериум и по само две минути го исклучија Ренато Сулиќ. Унгарците сепак добро почнаа и Маргуч и Наџи донесоа почетно водство. Но, се разгоропадија француските крила и Генсхајмер и Абало погодија за 3-5 во 7. минута.
По серијата на грешки, Микел Хансен со својот втор гол во 13. минута донесе +3 за ПСЖ. Брзо реагираа „црвените“ и Маргуч и Палмарсон на половина полувреме намалија на 6-7. По долго бркање на противничкото водство, Андреас Нилсон во 27. минута израмни на 9-9. Лекаи со два гола на истекот на првиот дел ја комплетираше добрата втора половина на Унгарците за 11-11 на полувреме.
лиќ, кој го преседе на клупата поголемиот дел од првото полувреме, веќе во првиот напад од продолжението го совлада Омејер. На спротивата страна ветеранот Нарсис влезе во ритам со два брзи погодоци, но затоа надвор од ритам беше Никола Карабатиќ, кого унгарскиот првак одлично го неутрализираше. Веспрем се обиде со брза игра да изненади, но по два промашени шутеви само им овозможи на противниците со два брзи гола да поведат со 17-15. Сабате зеде тајмаут, но продолжи да игра со Палмарсон на десен бек, па дури по водствот на противникот од 19-16 тренерот на Веспрем го врати својот капитен на теренот.
Ситуацијата на теренот набрзина се промени, Хансен доби две минути, Алиловиќ му одбрани пенал на Генсхајер, па Веспрем експресно се врати во мечот намалувајќи на 19-18. Унгарците имаа и напад за израмнување, но ја загубија топката, по што Ремили беше прецизен за ново водство на ПСЖ од два гола разлика. Унгарците покажаа карактер и пак се вратија, па во последните десет минути се влезе со израмнети 22-22. „Светците“ од Париз сепак успеаја во она што го посакуваа, да го наметнат нешто побрзото темпо во самата завршница, Веспрем не успеваше да ги запре нивните налети, па избраниците на Сердарушиќ повторно стигнаа до „плус два“ (25-23).
Се чини одлучувачки момент требаше да биде седмерецот над Нарцис и исклучувањето на Нилсен во 56. минута. Сепак, Миклер го одбрани ударот на Хансен при 25-26 оставајќи ги своите соиграчи во игра за големото финале. Сепак Унгарците не погодија преку Палмарсон, а Никола Карабатиќ погоди за 25-27. Наџи намали на -1, а Миклер одбрани за последен напад на Веспрем за израмнување. Сабате се обиде со седум ракометари во поле, но Унгарците ја загубија топката и ПСЖ славешем минимална победа и финале (26-27).
Во екипата на ПСЖ се истакнаа Генсхајмер и Хансен со по 7 гола, а кај Веспрем најефикасни беа Наџи со 6 и Маргуч со 5 гола. Второто полуфинале меѓу Вардар и Барселона почнува во 18.00 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.