| четврток, 6 декември 2018 |

Мајка по шести пат се породува – кога сопругот го видел бебето врескал (Видео)

Брачниот пар Натали и Кенеди од Њу Џерси се родители на 5 прекрасни девојчиња.

Кога сфатиле дека ќе станат родители по шести пат, одлучиле дека не сакаат да го знаат полот на бебето. Секако дека ќе бидат среќни без оглед на полот, само да е здраво.

Дошол денот кога бебето требало да дојде на свет, а семејството одлучило да ја сними реакцијата на таткото кога за првпат ќе го види бебето.

Добиле момче. Кога нервозниот татко сфатил дека ќе има син неговата реакција била непроценлива. Скокал, ја бакнувал својата сопруга и ги насмеал сите присутни. Неговата реакција била толку силна што докторите му рекле да седне и да земе воздух.

Погледнете ја прекрасната реакција:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top