| четврток, 6 декември 2018 |

Цеца да се мажи – што велат нејзините родители

По смртта на Аркан Цеца иако млада остана вдовица досега не се омажи. Таа ретко ги покажуваше момчињата во јавност, уште помалку зборува за тој дел од животот иако не ја лутат прашањата на новинарите и фановите. Вешто избегнува конкретен одговор и ја врти работата на шега, а овојпат открива дали нејзините родители Мирјана и Слободан ја тераат да се омажи на 44 години.

– Мене родителите да ме тераат да се омажам? Кој сака нека се мажи и нека се жени, јас сум си свој човек. Таман работа на 44 години мама и тато да ме тераат да се мажам, вели отсечно Цеца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top