| четврток, 6 декември 2018 |

Јакупи од ДИК: Измените на Изборниот законик важат и за в.д. градоначалниците

Промената на Изборниот законик го продолжи мандатот на општинските совети и на градоначалниците, но не го прецизира статусот на в.д. градоначалниците, кои сега во моментов се одговорни за градовите Струга и Струмица.

Според членот на Државната изборна комисија, Субхи Јакупи, измената на Изборниот законик и продолжувањето на мандатот трае  до октомври и тоа важи и за нив.

„Оваа одредба важи и за овие општини од аспект што кога се случила ситуацијата, односно е продолжен мандатот. Се знаеше дека за градоначалниците и советите ќе биде мај. Истовремено, од ова се подразбира дека и ним ќе им се продолжи мандатот до октомври 2017 година“, изјави Субхи Јакипи- член на ДИК за АлсатМ.

Јакупи вели дека ДИК ќе ја почитува одлуката која  ја донесе Собранието.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top