| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ со почит кон противникот и српски пцости кон судијата (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ со многу мака го мина третото коло на Ролан Гарос откако доста неочекувано наиде на доста силен отпор од страна на Диего Шварцман, па на крајот мораше да го извлече најдоброто од себе за да победи со 3:2 во сетови.

Шварцман имаше водство од 1:0 и 2:1 во сетови, но сепак во четвртиот и петтиот сет едноставно немаше против игра за Ѓоковиќ кој доминираше во секој поглед. Ноле ги доби последните два сета со преубедливи 6:1 и 6:1, но сепак и во такви услови Србинот успеа да се извади од кожа поради еден потег на судијата Алберт Рамос.
Главниот судија го опомена Ѓоковиќ при резултат 4:0 во четвртиот сет, а тоа комплетно го разлути Новак кој влезе во жестока вербална пресметка.

Причина за опомената беше „сочната“ порака на српски (да ти е… мајката) која ја испрати Ѓоковиќ кон својот бокс и неговите нервозни реакции, но светскиот рекет број еден не можеше да сфати зошто Рамос одлучил да го казни кога не ни разбира српски.

– Каков проблем имаш бре ти? Ајде кажи ми што кажав, да не разбираш српски. Ти си тотално луд – беа дел од зборовите кои му ги испрати нервозниот Ѓоковиќ на судијата Рамос.

 

Но, откако дуелот од третото коло сепак заврши во негова корист, српскиот тенисер направи потег за пример, испраќајќи го противникот со аплауз, поддржувајќи ги овациите кои Шварцман ги доби од француската публика.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top