| четврток, 6 декември 2018 |

Публицистот со шокантни тврдења: Мајката на Аркан била мажена за Албанец

Првиот сопруг на Славка Јосифовиќ, подоцна Ражнатовиќ, мајката на Жељко Ражнатовиќ Аркан бил народниот херој Мето Бајрактари. Така барем тврди албанскиот публицист Шкељзен Гаши, кој своите тврдења ги изнесе на социјалните мрежи.

Бајрактари бил политички комесар на Шарпланинскиот партизански одред и загинал во 1943 година, а неколку години подоцна, неговата сопруга Славка се омажила за полицаецот Вељко Ражнатовиќ.

Бајрактари бил член на Комунистичката партија во 1937, а учествувал во војната во Приштина, каде во 1942 година станал борец на партизанските одреди „Зајне Ајдини“ – првопартизанско движење составено членови од албанска националност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top