| четврток, 6 декември 2018 |

Откриен монструмот кој запали 10 деца: Причината за ова грозоморно дело ќе ве занеме (Видео)

Пожарот на училишниот автобус во кој загинаа 10 деца од 3 до 6 години минатиот месец во Кина, бил предизвикан од страна возачот, изјавија денес локалните власти – а еве зошто.

Една наставничка и возачот исто така загинале во пожарот на 9-ти мај во автобус кој ги пренесувал децата од меѓународното училиште во градот Веихаи. Дечињата по националност биле од Јужна Кореја и Кина.

Градската администрација на Веихаи извести на социјалните мрежи дека со истрагата дошле до заклучок дека возачот го предизвикал пожарот намерно.

-Возачот бил вознемирен дека не му биле платени дополнителните и ночните часови”, објаснила градската администрација. Тој земал бензин со него внатре во автобусот. Почетокот на пожарот е локализиран под неговото седиште каде што е најдена и запалката со која ги запалил боците бензин.

Родителите на јужнокорејските деца ги оспоруваат заклучоците на истрагата и ги обвинуваат локалните власти дека сакаат вината да ја префрлат на возачот. Еден од родителите ги обвинува дека тие не ја разгледале состојбата на возилото – пренесува јужнокорејската медиумска агенција Јонхап.

точка.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top