| четврток, 6 декември 2018 |

Доаѓа невреме – пороен дожд во Демирхисарско, нестабилно и над Ниџе

Пороен дожд, грмежи и можна појава на град има во Демирхисарско со правец на движење кон северниот дел од Пелагонија, соопшти УХМР.

Друга нестабилна облачна маса со слични размери се наоѓа над планината Ниџе и се движи кон исток.

УХМР предупредува дека попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи. На места е можна појава на невреме со пообилен пороен дожд, засилен ветер и град.

Во Скопје е умерено облачно, а попладне се очекуваат краткотраен пороен дожд и грмежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top