Утре од 20:45 се игра големото финале од Лигата на шампионите меѓу Јувентус и Реал Мадрид. Италијанскиот шампион веќе 21 година го чека овој трофеј, додека Реал сака да стане првиот тим кој успеал да го одбрани откако ова натпреварување се игра во овој формат.
Веројатно најдобриот фудбалер во историјата на фудбалот, Лео Меси вели дека во финалето ќе навива за Јувентус, но не поради ривалството со Реал Мадрид, туку поради тоа што според него Јуве е моментално најдобриот тим на светот.
– Во сабота навивам за Јувентус. Не поради ривалитетот кој постои меѓу Реал и Барселона, туку поради тоа што Јувентус е моментално најдобар на светот. Два пати игравме против нив оваа сезона и можам да кажам дека тоа беа двата најтешки натпревари во мојата кариера. Не успеавме да им дадеме гол, дури ниту на Камп Ноу. Немам дилема, Јувентус го заслужува овој трофеј, изјави Меси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.