| четврток, 6 декември 2018 |

Рекорден трансфер на повидок, Арсенал понуди вистинско богатство за Мбапе

Чудата се дел од фудбалската игра, а такво нешто се случи вчера откако англискиот гигант, Арсенал, испрати официјална понуда за фудбалер во вредност од неверојатни 100 милиони евра, која може да биде зголемена ако Монако влезе во преговори.

Како што открива францускиот медиум „Лекип“ Арсен Венгер сериозно размислува да го засили тимот за идната сезона, а првиот потпис сака да го направи со фудбалската сензација, Килијан Мбапе од Монако. Младиот 18-годишен напаѓач оваа сезона блесна во дресот на тимот од Кнежевството и е најзаслужен за освоената титула на својот тим во Лига 1, па затоа Венгер во неговите услуги гледа идеално решение за нападот на „топџиите“, кој оваа сезона беше повеќе од очаен.

Засега не се знае одговорот на францускиот шампион за оваа понуда, но раководството ќе мора брзо да реагира и да реши дали Мбапе ќе остане во тимот или не. Исход од оваа ситуација будно чекаат гигантите Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус кои исто така се заинтересиран да го видат Мбапе во своите редови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top