| четврток, 6 декември 2018 |

Потврда да добрата сезона, Туре останува „граѓанин“ уште една година

Јаја Туре иако на почетокот на оваа сезона беше на излезни врати од редовите на Манчестер Сити, сепак одличните партии во финишот го натераа раководството на „граѓаните“ да го сменат своето мислење и да му понудат нов договор на одличниот играч за врска.

Туре вчера потпиша нов договор со поранешниот шампион на Премиер лигата во кој ќе остане најмалку до крајот на идната сезона.

34-годишниот среден играч во Манчестер пристигна во 2010 година од Барселона, а оваа сезона одигра 25 натпревари во кои постигна 5 гола. Пред Сити и Барса, Туре го носеше дресот и на Монако, Олимпијакос, Металурх Донец и Беверен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top