Откако пред неколку седмици британските медиуми пласираа вест дека ланскиот шампион на Премиер лигата, Лестер Сити, е заинтересиран за услугите на Езџан Алиоски, од синоќа уште еден тим од Островото сака во своите редови да го види македонскиот репрезентативец.
Тимот на Хал Сити кој оваа сезона испадна од Премиер лигата токму во нашиот офанзивен фудбалер гледа идеално решение за крилните позиции и во играч кој ќе биде носител на тимот во остварување на целта за експресно враќање во елитата на англискиот фудбал.
Засега сумата која ќе ја понудат „тигрите“ не е откриена, но кога се работи за англиски тим често таа може да биде висока и неодолива за еден тим како што е Лугано. Имено, македонското крило утре го игра последниот натпревар за швајцарскиот тим оваа сезона, а можеби и во кариерата. Алиоски оваа сезона игра фантастичен фудбал и со 16 постигнати гола е најдобар стрелец на тимот, а трет во лигата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.