| четврток, 6 декември 2018 |

Паоло Малдини ќе биде тим-менаџер на италијанската репрезентација

Легендата на Милан и италијанскиот фудбал Паоло Малдини ќе биде тим-менаџер на италијанската репрезентација од септемвриското продолжение на квалификациите за СП во Русија.

Иконата Малдини ќе биде спојот меѓу Џанпјеро Вентура и раководството на сојузот и ќе го заземе местото на Леле Ориали, кој веројатно ќе се приклучи кон стожерот на Роберто Манчини во Зенит.

Малдини зад себе има 126 натпревари и 7 гола за „азурите“, а од Мундијалите има второ и трето место, како и финале на Европско првенство.

Малдини со семејството живее во Мајами и е сопственик на клуб кој игра во Втората американска лига.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top