| четврток, 6 декември 2018 |

Украдени 30.000 кондоми од магацин за секс играчки (видео)

 

Магацинот на шведска компанија за производство на секс играчки во Лас Вегас во текот на минатиот викенд два пати беше мета на разбојници.

Првиот пат крадците заминале со 30.000 кондоми спакувани во кутии, а вториот пат провалиле во магацинот и украле стока во вредност од 15.000 долари.

„За каква забава се подготвувале овие крадци? Можевме да се договориме за некакво спонзорство или нешто слично“, рече сопственикот на компанијата за секс играчки Lelo Hex.

Тој исто така ги нарече “најнапалените криминалци на светот“.

„Кој и да ги украде кондомите и секс играчките најверојатно не ги зел ‘за тестирање’“, рече претставник на компанијата.

Lelo Hex се компанија што воведе иновација во производството на кондоми и за заштитно лице го имаше актерот Чарли Шин.

Двете кражби се фатени на безбедносните камери во магацинот и снимките се предадени на полицијата на Лас Вегас од каде апелираат до јавноста да пријави какви било информации во врска со необичниот случај.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top