| четврток, 6 декември 2018 |

Надал атакува на 10.титула на Ролан Гарос со часовник од 650.000 евра!

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, игра за јубилејна десетта титула на Ролан Гарос, а на својот настап во Париз на раката носи скапоцен часовник со боите на шпанското знаме, изработен специјално за него.

Швајцарскиот производител на луксузни часовници, Ричард Мил, го спонзорира Надал од 2010 година и за секој Ролан Гарос, Шпанецот добива нешто посебно.

За атакот на јубилејната десетта титула, Надал од својот спонзор го доби моделот РМ 27-03 кој тежи само 34 грама, а чини 650.000 евра! Ако Надал ја освои титулата на Ролан Гарос, цената на часовникот кој е произведен само во 50 примероци, ќе се зголеми уште повеќе.

Како и секој производ на овој познат производител на часовници, и најновиот часовник наменет за шпанскиот тенисер, е вистинско чудо на технологијата. Скапоцениот часовник што го носи Надал е отпорен на удари и е изработен од супер лесни, а цврсти материјали. Часовникот исто така е отпорен и на секакви временски услови.

Рафаел Надал имаше успешен старт во Париз во походот кон десетата титула на Ролан Гарос. Во второто коло на турнирот, Шпанецот славеше победа над Робин Хасe со 6-1, 6-4, 6-3.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top