Денес во Македонија се случи обид за атентат врз Никола Тодоров кој до пред неколку часа беше заменик на претседателот на владата и министер за здравство, кој истовремено е и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ , носител на ИЕ 2 , истовремено шеф на републичкиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ, посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
-Обидот за убиство беше недвосмислен свиреп и со умисла. Пукано е од непосредна близина во главата на Никола Тодоров. Присебноста и брзата реакција во дел од секундата Тодоров го спасија Тодоров од првиот испукан куршум, а реакцијата на полицијата од вториот испукан куршум. Тие делови од секундата одлучија Тодоров да е жив а неговите две деца да не се веќе сираци.
Овој обид за убиство не дојде ниту случајно ниту без подготовка на атмосфера за тоа. СДСМ, Зоран Заев, куп невладини организации финансирани од соросовите инсталации, шарената платеничка револуција, цели три години градат атмосфера за ова денес да се случи. И се со единствена цел. заев да стане премиер, СДСМ да дојде на власт, ВМРО-ДПМНЕ да се испрати во опозиција и по можност да се уништи.
По Тодоров и по сите нас три години се фрлаат етикети лажни обвинување, се манипулира со се што работевме , со лажни информации се создаваше хистерија и се користеа сите методи за наше оцрнување и прикажување во најцрно светло.
Денешниот обид за убиство не беше случаен. Бил подготвуван. Денес било трагано по него, со одење во неговиот дом. И веќе е јасно дека е политички поттикнато со градење атмосфера против Тодоров.
Од 2014 сите тие СДСМ Зоран Заев невладините, платените револуции, дел од новинарската фела и други нивни поддржувачи, Никола Тодоров кој чесно и одговорно си ја извршуваше својата функција го нарекуваа министер за смрт. За да дојдат на власт, за да го убедат народот нас да не мрази а нив да ги изгласа, поигрувајќи си и злоупотребувајќи ги чувствата и емоциите на народот особено на блчиски на пациенти кои починале или се во одредена тешкотија, оваа платеничка и злосторничка група алчна за власт, континуирано со лаги и манипулации градеше атмосфера која денеска резултираше со обид за атентат врз Никоал Тодоров.
И ова не е прв случај. Пред околу две недели, ден по незаконското гласање за Талат Џафери, во домот на родителите на Антонио Милошоски, беше пронајдена бомба која за среќа не експлодирала како што тоа некој го планирал. ако експлодирала, ќе имаше шртви, или пратеникот пратеникот и член ан ИК на ВМРО-ДПМНЕ, поранешен министер за надворешни работи, Милошоски, или неговите родители.
Денес ден по изборот на Заев за премиер имаме обид за убиство врз Тодоров.
Пред неколку дена, со влез во зградата каде живее Гордана Јанкуловска, непознати лица влегле и го демолирале нејзиниот автомобил, како порака од некого.
Вакво однесување СДСМ имаа и по доаѓањето на власт во 2002, кога вечерта по објавување на резултатите, во возилото во кое се движев беше испукан куршум, кој за среќа не ме погоди. Сторителот не се најде тогаш. Сторителот не е најден ни во случајот со поставената бомба во дворот на родителите на Милошоски.
За среќа денешниот сторител е совладан од полицијата на лице место. Доколку не беше совладан тука, доколку не се најдеше полиција тука да го совладаат и доколку избегаше, можеби и него немаше да можат да го најдат.
Се прашувам дали за ова се бореа сите поддржувачи на СДСМ, и оние од внатре и оние од надвор? Дали е ова животот кој од денеска требаше да дојде во Македонија? ВМРО-ДПМНЕ е под напад, ВМРО-ДПМНЕ е под оган, од сите страни и со сите средства. Ова е хајка и подттикнување на одмазнички акции. Очигледно вака СДСМ ја замислува демократијата. Ова е срам за државата, сртам за демократијата и за ова како поттикнувачи своја вина носат сите оние кои ја потпалуваа атмосферата со цел да дојдат на власт. бдејќи, поинаку, со идеи со работа со резултати не можеа да дојдат на власт.
три години секој ден по улиците го слушаме зборот револуција , независно дали е во контекст на ткн Шарена револуција или во било кој друг контекст. Нормална последица на подгревањето на атмосфера за револуција е да заврши со убиство или обид за убиство, како денеска врз Тодоров, или пред две недели врз Милошоски. Напоменувам дека повеќемина од раководството на ВМРО-ДПМНЕ се под закана во ваква креирана атмосфера.
Јас лично и моето семејство подолг период сме под јавна закана од повеќе страни, тргнувајќи од соопштенијата на ОНА, па преку разни криминални и политичко- новинарски структури кои објавуваат статии како го замислувале моето убиство и погреб.
Инспиратор, мотиватор, подготвувач на оваа атмосфера е тој кој три години во немоќ по нормален пат да дојде на власт ја гради. За тоа, ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност, одговорност од сторителот но и од поттикнувачите. Ова дело може да се повтори на било кој друг и било кога. Денешниот случај е само кулминација на се она што се гради како атмосфера подолг период во Македонија.
Овој случај, овој подмолен чин нема да не заплаши ниту ќе не премисли во нашето делуање, ниер ќе продолжиме да бидеме на страната на вистината на страната на правдата на страната на државните и на страната на националните интереси на Република Македонија- посочи Груевски во своето обраќањде по обидот за атентат врз Тодоров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)