| четврток, 6 декември 2018 |

Се претвораат ли „тажните соборци“ во свирепи убијци? (ВИДЕО)

 

Црната кампања против поранешниот министер за здравство Никола Тодоров на социјалдемократите и Шарената револуција резултира со обид за негово убиство. Најмногу се злоупотреби случајот со малата Тамара, а токму дедото на Тамара, Љупчо Стојановски од Велес, е и оној кој посегна по жувотот на Тодоров.

Смртта на малата Тамара беше едно од главните оружја на социјалдемократите и на невладините на Сорос во црната кампања која ја водеа против Тодоров, односно ВМРО-ДПМНЕ, но не и единствено. Некрофилната камапања не заборави да ги злоупотреби ниту случајот на Мартин Нешковски, случајот Диво Насеље, Смиљковското Езеро, а се манипулираше и со бројот на умрени новороденчиња.

Многу сурово се манипулираше со бројот на починати новороденчиња, а опозициските медиуми кои ги пласираа вестите не пропуштаа да ја искористат секоја прилика да го обвинат Тодоров, иако во време на неговото минситерување смртноста кај доенчињата падна од 13 на 8 промили.

Мартин Нешковски, Диво Насеље и Смиљковско Езеро беа случаи во кои медиумите блиски до опозицијата кога уште не беа изладени телата на трагично загинатите започна да шпекулира дека се работи повторно за случаи во кои власта вмешала раце – исто како што опозицијата шпекулираше во случајот на Никола Младенов. Целта на ваквите тактики е да се создаде дилема кај граѓаните преку груби емоционални манипулации.

Токму затоа и Зоран Заев за време на класичните манипулативни претстави т.н. „бомби“ многу често најавуваше дека „ќе ја дознаеме вистината за Младенов / Смиљковско / Диво насеље“ со цел да создаде дилема дека и во овие случаи за смртта на децата кај Смиљковско, полицајците кај Диво Насеље и Младенов е виновно ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните добро ги паметат случаите кога за време на протестите на шарената револуција и СДС, на полицајците им беше порачувано: „Куманово пак да ви се деси“ бидејќи ја бранеле власта која според верзијата на СДС е одговорна за настаните во диво насеље.

За таа цел СДС дури и во својата изборна кампања имаше спотови со погребите поврзани со овие настани, а нивните невладини шарени платеници редовно ги нарекувале функционерите на ВМРО-ДПМНЕ убијци токму врз основ на оваа создадена перцепција – дилема кај граѓаните под директна контрола на СДС.

Наместо да размислат дека можат да придонесат кон вакви ситуации со својот некрофилизам и црни кампањи кон политичките противници, СДС и шарените платеници безмислосно ги таргетираа поединците кои ги сметаа за највлијателни кај противникот и ги ставаа на тапет како убијци, крадци, уништувачи, бркачи на младите, одземачи на живот во Македонија. За време на шарените протести на СДС, организаторите на истите јавно бараа и смрт со бесење на функционери на ВМРО-ДПМНЕ, токму врз перцепцијата/обвиненијата кои кон нив цело време во црните кампањи ги пласираше СДС.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top