По обидот за убиство на министерот за здравство, Никола Тодоров, од ВМРО-ДПМНЕ излегоа со соопштение во кое го осудуваат чинот. Во продолжение интегрално целиот допис од ВМРО-ДПМНЕ:
ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува обидот за убиство на Никола Тодоров. ВМРО-ДПМНЕ подолг период наназад предупредуваше на последиците од насилството што го промовираа СДС и нивните невладини, Соросови сателити.
Сега јавноста може да ја види катастрофата од деструктивната политика која следи како нус-продукт од насилничкото враќање на животот.
Зоран Заев најавуваше дека „ќе се пука“ и дека „живи луѓе ќе јадел“. Тоа се неговите реформи. Тоа е начинот на којшто го враќа животот.
На првиот ден од доаѓањето на власт сведоци сме на подмолен, вооружен напад врз министерот Никола Тодоров. Никола Тодоров благодарение на присебноста успеа да го избегне атентаторот.
СДС и Заев долго време го подготвуваа теренот за ваквиот монструозен акт. Долго време го напаѓаа и навредуваа Тодоров нарекувајќи го „министер смрт“. Таканаречената „Шарена револуција“ и СДС долго време ширеа хистерија и повикуваа на насилство. Одговорност мора да има.
МВР сѐ уште молчи и за поставените бомби во семејната куќа на пратеникот Антонио Милошоски. Доколку не беа откриени експлозивните направи и во тој случај можеа да однесат човечки животи.
Срамното, насилничко и деструктивно однесување на СДС мора да запре. Одговорноста не е само кај вооружениот насилник или кај оние кои ја подметнаа бомбата. Одговорност имаат и оние кои подолг период наназад ги поттикнуваа на вакви кукавички чинови. Зоран Заев, СДС и нивните сателити се директно одговорни за креирањето атмосфера за ваквите насилнички акти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)