| четврток, 6 декември 2018 |

Заев најави дека ќе се пука и на првиот ден од „животот“ се пукаше врз Никола Тодоров (ВИДЕО)

Јавноста многу добро се сеќава на канибализмот на Заев и живите луѓе кои ќе ги јадеше кога ќе дојде на власт. Нецели 12 часа откако е на власт имаме обид за убиствот на поранешен министер.

Непосредно пред локалните избори во 2013 година, Заев во телефонски разговор порача дека СДС нема да оди на избори туку дека ќе се пука во Македонија доколку локалните избори се одржат во закажаниот период. Четири години подоцна – се пукаше во министерот Тодоров на мирното рпедавање на функцијата во Министертвото за здравство.

На влезот во Министерството за здравство 57-годишниот Љупчо Стојановски од Велес, дедо на малата Тамара, чија несреќа беше најбрутално злоупотребена во камапањата на СДС и Шарената ревлуција, со неколку истрели од огнено оружје се обидел да го убие досегашниот министер за здравство и висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров. Тодоров е надвор од животна опасност, а дедото на Тамара е во полициска станица.

Во последниот период врз досегашниот министер за здравство и поранешен пратеник и висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Тодоров се водеше претенциозна црна кампања, која имаше цел да доведе до зголемување на револтот кај некои граѓани.

Во кампањата на СДС и медиумите под контрола на Сорос, Тодоров беше нарекуван „министер за смрт“, а оваа црна кампања изгледа ја исполни целта – на денот на мирниот трансфер на власта дојде до обид за убиство на министерот за здравство кој требаше да изврши примопредавање на министерството.

Обидот за убиство на Тодоров веќе се оценува како плод на реваншизам и подгревањето на страстите од страна на СДС. Ова се случува на првиот ден од пореземањето на власта од страна на оние кои бараа да им се обезбеди мирен трансфер на власта.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top