Аналитичарот Алберт Муслиу, кој важи за близок до социјалдемократите, појасни како треба да се уреди употребата на албанскиот јазик на територијата на цела Македонија. Имено тој кажа дека ќе се формира Централен орган за преведување кој ќе ги прима барањата на албански јазик кои ќе бидат поднесени во општини каде нема повеќе од 20% Албанци ќе му ги преведува на вработениот во администрација, а потоа неговите решенија повторно ќе ги преведува на албански со цел да му ги достават на барателот.
–Во предлогот е да се формира Централен орган за преведување. Да не мора некој администратор на УЈП во Пехчево да знае јазик, туку тоа електронски да се прави за да не е оптеретување за адмнистраторите- рече Алберт Муслиу.
Ова значи дека ќе има дополнително оптеретување на административните постапки, нови вработувања во администрацијата и на крајот употреба на албанскиот јазик во општините каде што не живеат воопшто или многу мал број на Албанци.
Муслиу објасни дека казни за неупотреба на албанскиот јазик ќе има во општини како град Скопје, каде администрацијата ќе биде казнувана доколку не го користи албански јазик.
–Казни би биле овде во Град Скопје кој е двојазична општина во некои нивни експонети каде не се користеше двојазичноста- рече Муслиу.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)