Поранешниот најдобар светски голфер Тајгер Вудс неодамна повторно се најде во фокусот на вниманието на спортската јавност откако беше уапсен поради возење во алкохолизирана состојба.
Откако беше приведен, со него беше извршен разговор во полициска станица, па пуштен. Сепак, во отворено писмо до јавноста Вудс инсистира дека не се работи дека бил во алкохолизирана состојба, туку дека за време на возењето доживеал неочекувана реакција на лекови.
– Ја разбирам сериозноста на ситуацијата во која се најдов и ја преземам целосната одговорност. Но, сакам јавноста да знае дека во мојот случај не се работи за алкохол, туку сето тоа беше неочекувана реакција на лекови кои ги добив на рецепт. Не знаев дека таа комбинација лекови може да доведе до такво влијание на мене. Сакам да се извинам на моето семејство и пријателите поради непријатната ситуација, и да и се заблагодарам на полицијата за максималната професионалност – вели во своето соопштение Тајер Вудс.
Дали зборовите на Вудс се вистина може да проценете и сами од видеото кое го објавија медиумите кога Тајгер е запрен од полицијата. Неговата состојба не е ни малку пријатна за гледање со оглед на тоа што се работи за светска ѕвезда. Поранешниот голфер не е во можност да одговори на прашањата на полицијата, признава дека пиел лекови и дека не конзумирал дрога, сепак начинот како тој се однесува пред полицајците покажува поинква слика од неговите тврдења.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)