Италијанскиот шампион и победник на Купот, Јувентус од Торино се соочува пред уште еден голем финансиски исчекор. „Јувентус стадиум“ би можел наскоро да го промени името во „Јувентус Алијанц стадиум“.
Познатата компанија понуди спонзорски договор и се чека одговор од страна на раководството на Јувентус. Компанијата со седиште во Минхен веќе е спонзор на германскиот шампион Баерн, а има и помали инвестиции во останати клубови.
Јувентус во минатото беше блиску до договор со „Самсунг“ за користење на името на стадионот, но до договор не дојде.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.