| четврток, 6 декември 2018 |

Ријека го освои и купот на Хрватска, двојна круна за Ристовски и Жута (Видео)

Ријека уште еднаш потврди дека во моментов е најсилната екипа во Хрватска откако на неутрален терен со 3-1 го победи Динамо Загреб во финалето од купот и ја освои двојната круна.

Нашиот Стефан Ристовски, кој беше прогласен за најдобар десен бек во Хрватска, стандардно го одигра целиот натпревар. Леонард Жута иако најчесто е стартер на левата бековска позиција, овој пат поради тактичка одлука на тренерот Матијаж Кек се најде на клупата за резерви, а во игра влезе во финишот од натпреварот.
За потсетување, тимот на Ријека едно коло пред крајот на шампионатот ја обезбеди титулата во најсилната хрватска лига, а со тоа ја прекина 11 годишната доминација на Динамо Загреб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top