Словачкиот министер за надворешни работи Мирослав Лајчак е избран за претседател на Генералното собрание на Обединетите нации, а таа должност треба да ја преземе на 72. седница на ова меѓународно тело, која ќе почне во септември. Во Собранието, кое има 193 земји-членки и кое го контролира буџетот на ОН, одекна аплауз кога актуелниот претседател Питер Томсон соопшти дека Лајчак е избран за нов претседател.
Лајчак истакна дека за време на едногодишното претседавање ќе се фокусира на стремежите да се постигне мир и пристоен живот за сите луѓе, спречување судири, медијација, борба против сиромаштијата, миграциските прашања и човековите права. Тој дополни и дека е време да се реформира Советот за безбедност на ОН и оти тој лично ќе се залага за тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Лајчак: За Македонија е несреќно вмешувањето од странство во внатрешните процеси
-
Гутереш положи заклетва за Генерален секретар на ООН
-
Керим за политичката криза во Македонија и за предложените реформи во ОН
-
По првиот круг од гласањето за нов генерален секретар на ОН: Керим меѓу првите тројца кандидати