| четврток, 6 декември 2018 |

Ова е најскапиот автомобил на светот: Платен е 11 милиони евра и повеќе никој не може да го има

Непознат милијардер дошол во команијата Ролс Ројс во 2013 години со посебна желба, да му се направи единствен автомобил кој само тој ќе го има. Моделот „Sweptail“ е резултатот кој произлегол од неговата желба, а за прв пат бил претставен на јавноста пред околу 10-тина дена. Богаташот, кој инстистирал да остане анонимен, за него платил 11,5 милиони евра.

Овој уникатен модел веќе влезе во историјата како најскапиот автомобил некогаш продаден како нов модел.

На него се работело 4 години и тоа со постојани консултации со негоиот сопственик.

ОД Ролс Ројс исткнале дека при уредувањето на внатрешноста, се инспирирале од ентериерот на повеќе ултра луксузни јахти.

Во средината на авотмобилот, во стилот на Џејмс Бонд возилата, се подигнува ладна комора во која има место за една шише и две чаши. Секако, ова е само мал дел од луксузот и изненадувањата кои ги крие автомобилот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top