Во прилог во најновото издание на хрватскиот весник „Јутарњи лист“, Македонија е опишана како земја сместена во самото срце на Балканскиот Полуостров, земја во која можете да запознаете повеќе култури кои паралелно пловат и ја создаваат колевката на културата.
Запознавањето и почитувањето на различните верувања, продолжува авторот, создава амалгам на современост и традиција. Тој феномен најдобро го опишува македонскиот револуционер Гоце Делчев, кој рекол: „Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар меѓу народите“.
Во продолжение Македонија е претставена како ризница на културното богатство, кое е од непроценливо богатство, преку 400 археолошки наоѓалишта, дејноста на Кирил и Методиј, црквата „Св. Пантелејмон“ во Скопје, а големиот број ресторани раскажуваат една чудесна приказна.
Нагорната линија на културниот развој во македонија продолжил низ вековите, вели авторот. Денеска во Македонија ќе се изненадите од бројните културни настани кои се реализираат во текот на годината. Најпосетени, а воедно и традиционални се Мајски оперски вечери, Охридско културно лето, Филмскиот фестивал „Браќа Манаки“, „Струшките вечери на поезијата“, „Скопскиот џез фестивцал“ и многу други. Македонија нуди низа можности за уживање, дури и за оние најпребирливите.
Културата во Македонија ги поттикнува луѓето да зачекорат зад поставените граници и секојдневно ве повикува да станете дел од времето и традицијата на единствената приказна – Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


