| четврток, 6 декември 2018 |

Цонга на колена, елиминиран од 91.светски тенисер на Ролан Гарос

zo filfred conga

Аргентинецот, Рензо Оливо го направи првото големо изненадување на вториот гренслем турнир сезонава, Ролан Гарос, откако во четири сета го елиминира 12.носител, Французинот, Жо-Вилфред Цонга.

Оливо кој моментално е 91. тенисер на АТП листата одигра неочекувано перфектен тенис, кој изобилуваше со многу атрактивни поени, а неизнудените грешки му беа сведени на минимум. Од друга страна Цонга како да се опушти поради фаворитската улога и на крај заслужено беше поразен со 3-1 (7-5, 6-4, 7-6 и 6-4) во сетови.

За разлика од Французинот денес изненадување не дозволија фаворитите Доминик Тием и Давид Гофин кој лесно се справија со своите противници и обезбедија второ коло.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top