| четврток, 6 декември 2018 |

Нема пензија, Паркер ќе се врати на терените во јануари?!

toni parker

Плејмејкерот на Сан Антонио, Тони Паркер се повреди во западното полуфинале против Хјустон и ја остави екипата на цедило. Сепак, Спарси ја добија таа серија, но не успеаја да им се спротистават на кошаркарите на Голден Стејт против кои загубија со 4-0.

Паркер најави дека планира да тренира напорно и да се врати на терените во јануари наредната година. Покрај него, тимот на Попович остана и без својот најдобар играч, Каваи Ленард, кој ќе биде подготвен за стартот на наредната сезона.

Францускиот кошаркар беше фрустриран од повредата, која на крај се покажа дека е сериозна и ќе го остави без кошаркарски активности 6-8 месеци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top