| четврток, 6 декември 2018 |

Исчистени каналите во Ѓорче Петров

Каналите за наводнување и одводнување во општината Ѓорче Петров во должина од 6000 метри се исчистени

gjorce petrov

Со овој проект се опфатени населените места с. Орман, Волково, Ново Село и Стопански Двор.

Чистењето на каналите ќе овозможи непречено собирање и испуштање на подземните и на површинските води и водите кои надоаѓаат од делот на заобиколницата која поминува низ општината.

Воедно ќе се овозможи доведување вода за наводнување на обработливите земјоделски површини кои се наоѓаат во атарите на споменатите населби.

Средствата за чистењето на каналите се обезбедени од буџетот на Општина Ѓорче Петров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top