Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев синоќа со членовите на својот клуб, Академија Пандев, во Струмица го прослави влезот во прволигашката конкуренција од следната сезона.
„Пандевци“ го одбележаа освојувањето на титулата во Втората лига и пласманот во елитното друштво, заедно со Горан Пандев кој по крајот на сезоната со италијанската Џенова се врати во Струмица.
По синоќешното славје, Пандев веќе од денеска го очекува приклучувањето на А-репрезентацијата и од утре стартот на подготовките за пријателскиот натпревар со Турција и квалификацискиот дуел со Шпанија на „Телеком арената“ во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.