Македонија, Босна, Хрватска, Данска, Романија, Словенија, Црна Гора, Шведска, Шпанија се деветте земји од кои преку 300 деца ќе бидат дел од третиот ракометен камп „Кирил Лазаров 7“.
Квалитетот го иницира квантитетот, добрата организацијат и реализација се основа за довербата, која децата и нивните родители ја имаат во овој проект. Таа е наш мотив и водечка нишка. Од друга страна предизвик е да се учи од капитенот и неговиот тренерски тим. Професионалната поставеност, начинот на кој го пренесуваат своето искуство, непосредниот контакт со секое дете за време на тренинзите но и надвор од нив, ги враќа децата секоја следна година, но раѓа и желба кај нови учесници.
Доаѓаат и деца кои прв пат се сретнуваат со ракометарската топка, помали и поголеми. Децата се на возраст од 7- 8 години, поделени во две смени. Иако секогаш бројот на момчињата е поголем, на овогодинешниот камп имаме пријавено девојчињата во најголема бројка до сега. Заради тоа нивните тренинзи ќе се одвиваат во две групи.
Освен задолжителните тренинзи претпладне и попладне и оваа година ќе имаме содржини кои се насочени кон едукација преку забава, прилагодени според годините на децата. Остануваат уште 20 дена до почетокот, капацитетот е исполнет, пријавувањето завршено, се работи на последните подготовки.
Сподели
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.