Петмина ракометари на македонскиот клуб Металург се најдоа во идеалниот состав на регионот. Составот е направен според мислењето на ракометните новинари од шест земји од регионот и според гласовите на посетителите на порталот „Балкан Хандбал“.
Идеален состав:
Голман: Дарко Станиќ (Meталургg) 43 % од гласовите на фановите за позиција голман.
Лево крило: Дејан Манасков (Meталург) 38 %
Лев бек: Борут Мацковшек (ПЛ Цеље) 44 %
Среден бек: Наумче Мојсовски (Meталург) 40 %
Десен бек: Ренато Вугринец (Meталург) 40 %
Десно крило: Златко Хорват (КО Загреб) 36 %
Пикер: Mладен Ракчевиќ (Meталург) 34 %
Поединечно, најмногу гласови добија тројцата наши ракометари: Станиќ (1094), Ракчевиќ (852) и Мојсовски (850).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.