| четврток, 6 декември 2018 |

Се трансформира во сирена за да искаже почит кон морето (Видео)

Дави Морера (22) последниве неколку години ги минува во Бразил, а негова главна дестинација за уживање е познатата плажа Ипанема.

Тој го облекува својот костим на сирена и по цел ден се сонча на оваа плажа во Рио де Женеиро.

– Тоа е начинот на живот, така ја покажувам љубовта и почитта кон морето. Кога сум во вода се чувствувам како друга личнсот, вели Морера.

И додека некои се воодушевени, други остануваат зачудени кога ќе го видат.

– Не се обидувам да побегнам од реалноста. Многу добро знам како да се носам. Ова ме прави среќен и никому не нанесувам зло, поралува Дави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top