| четврток, 6 декември 2018 |

Непријатна ситуација: Светските лидери го игнорираа канадскиот премиер? (Видео)

На собирот на Г7, кој се одржа во Италија, присуствуваа челниците на седумте најразвиени земји во светот, а премиерот на Канада, Џастин Тудо во еден момент се најде во непријата ситуација.

Трамп им се спротистави на другите лидери со неколку прашања, вклучувајќи го и тоа за глобалното затоплување.

По долгите расправи со партнерите од Г7, на „Твитер“ објави дека следната недела ќе реши дали САД ќе останат потписник на светскиот договор за климата од 2015 година, со кој земјите се обврзаа за намалување на емисиите на гасови што предизвикуваат ефект на стаклена градина.

Но, тоа што ја заинтригира светската јавност е ситуацијата со неформалното дружење на терасата. Имено, канадскиот премиер Џастин Трудо, место да биде во центарот на дружењето на лидерите, се гледаше од страна. Негова лична одлука или игнорирање од другите? Во секој случај, вака од страна изгледа прилично осамено.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top