Ненад Станковиќ – Чоки е организаторот на криминална група која во предградието на Белград, Решник проиведувала екстази во имрпвизирана лабораторија. 46-годишниот маж е кум со популарниот спрски пејач Џани, а бил и во многу блиски односи со еден полициски началник од Белград.
Тој со пејачот има неколку фотографии на својот Фејсбук профил, а полицијата во акцијата која ја спроведе во неделата пронајде 96 000 екстази, 10 килограми екстази спремни за таблетирање, 80 килограми микрокирстална целулоза за производство на таблетите и 840 грама марихуана и привиде и пет лица.
Станковиќ имал и свое кафуле, а според извори од полицијата, во неговите илегални активности имал поддршка од неговиот близок пријател С.Н., полиски началник.
Тој во целата операција со дрогата и нејзиното дистрибурање ја вовел и неговата ќерка Тијана (23) која сега исто така се наоѓа во притвор.
Таткото и ќерката освен со споменатиот пејач на социјалните мрежи имала бројни фотографии и со други естрадни уметници како и со старлети во различни ноќни клубови, меѓу кои и една која неодамна била уапсена поради шверц на кокаин во Дубаи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.