Италијанскaта Серија А е најефикасно национално првенство во Европа од сите шампионати со највисок рејтинг во Европа. Со 1.123 гола или во просек по 2.96 гола на натпревар, на „чизмата“ се играше најотворено.
Шпанската Примера со 1.118 гола или 2.94 гола во просек на натпревар е на второто место, трета е германската Бундеслига со 877 погодоци или 2.87 гола на натпревар.
Премиер лигата со 1.064 гола или во просек по 2,8 погодоци е четврта, а француската Лига 1 со 991 гола или 2.61 гол по натпревар го зазема петтото место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.